УСКАНА

УСКАНА – најголем град на Пенестите, едно од племињата во Горна Дасаретија. Се наоѓал недалеку од Лихнид (Охрид), на три дена одење од Стибера (Чепигово). Речиси со сигурност може да се локализира кај Кичево. ИЗВ.: Тити Ливи, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.