УНИВЕРЗИТЕТ СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ (24. Ⅳ 1949 -) – прв универзитет во слободна Македонија. Формиран е според донесениот Закон за универзитетот во Скопје на Народното собрание на НРМ (6. И 1946), по што е одржано Универзитетско собрание со претставниците на трите постојни факултети: Филозофскиот (основан во 1946), Медицинскиот (1947) и Земјоделско-шумарскиот факултет (1947). Како водечка високообразовна установа, сега во својот состав има 23 основни единици, сите со седиште во Скопје: 21 факултет, 5 научни институти, 4 низации. Кон него припаѓаат: Архитектонскиот, Градежниот, Економскиот, Машинскиот, Медицинскиот, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Природно-математичкиот, Стоматолошкиот, Технолошко-металуршкиот, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музичка уметност, Факултетот за физичка култура, Фармацевтскиот, Филозофскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и шумарскиот факултет. Од научните институти кон него припаѓаат: Економскиот институт, Земјоделскиот институт, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Институтот за сточарство. Придружни членки се јавните научни установи: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за национална историја и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. Кон Универзитетот припаѓаат и високообразовната установа Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, како и организациите: Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, Државниот студентски центарСкопје“, Државниот студентски дом „Пелагонија“, Државниот студентски дом „Томе Стефановски-Сениќ“, Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ и Јавната здравствена организација Здравствена станица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Освен нив, како внатрешни организациони единици на Универзитетот постојат и: Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, Универзитетскиот компјутерски центар и интегрираниот Универзитетски информативен систем, Универзитетската поликлиника, Конгресниот центар – Ох-рид, Центарот за јазици и обука, Универзитетското радио, Универзитетскиот културен центар и Универзитетскиот спортски центар. Универзитетот има свој грб (го симболизира раѓањето на првата писменост кај словенските народи преку ликовите на Св. Кирил и Методиј), знаме (бело, со правоаголна форма, со грбот во средината и со натпис во долниот дел АЦАДЕМИА ФЛОРЕАТ) и химна (Свечена песна за браќата Св. Кирил и Мејавни научни установи, 1 високообразовна установа и 6 други орга-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Студенти на Правниот факултет во Скопје тодиј, со музика и текст на Таки Хрисик). На него дипломирале над 126.000 студенти, над 5.300 лица специјализирале и магистрирале, а се одбранети и над 2.700 докторски дисертации од разните наставнонаучни области. Моментно на него студираат над 50.000 студенти од Република Македонијаи над 700 студенти од странство, со над 2.700 професори, научни и други соработници во наставнообразовната и во научната дејност. ЛИТ.: Универзитет „Св. Кирил и МетодијСкопје 1949-1999, Скопје, 1999; Статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Скопје, декември 2008. С. Мл.