ТУРЦИТЕ ВО РМ

ТУРЦИТЕ ВО Република Македонија– етничка заедница во РМ. По Маричката битка (1371) Македонија постепено потпаднала под османлиското владеење (1371–1912) и започнал процес на населување на турско население. Со тоа етничката карта на Македонија забележува промени, но не и суштински измени. Се забележуваат процеси на внатрешна миграција (повлекување на македонското население од низините во планините), процеси на османлиска колонизација (град-ска и селска – Коњари, Јуруци), а подоцна и муслиманско население дојдено од Босна и Херцеговина. Во петвековното османлиско владеење во Македонија постепено турското население станувало с“ побројно. Во предвечерјето на Балканските војни во Македонија живееле ок. 500.000 Турци, што преставувале 22,14% од целокупното население. По Балканските војни (1912–1913) и по Првата светска војна (1914–1918) бројот на турското етничко население започнал да се намалува. По Грчко-турската војна (1919–1922) и Лозанскиот мировен договор (1923), турското и другото муслиманско население од Егејскиот дел на Македонија (350.000) било протерано во Турција. 226.000 Турци продолжиле да живеат во Вардарскиот и во Пиринскиот дел на Македонија. Намалувањето на бројот на турското население продолжило по Втората светска војна и во Вардарскиот дел на Македонија, кога голем број Турци се иселиле во Турција. Поради ред фактори (политички, религиозни, културни, економски) во 1954 г. од НРМ/ СРМ се иселиле во Турција 17.396 етнички Турци, во 1955 – 38.045, 1957 – 27.432, 1958 – 13.224 или вкупно 127.000 Турци, меѓу кои и мал број Албанци. Иселувањето на турското малцинство придонесува сериозно да се намали етничката бројност на Турците во НРМ/СРМ. Во 1953 г. во НРМ жи-Сааткулата во Скопје веат 203.938 етнички Турци, што претставуваа 15,6% од целокупното население, а во 2002 г. нивниот број се намалува на 77.959 Турци (заедно со дел од исламизираните Македонци), или 3,85% од населението во РМ. Денес најголем број декларирани Турци живеат во Скопје (8.595), Центар Жупа (5.226), Гостивар (7.991), Пласница (4.446), Радовиш (4.061), Студеничани (3.285), Врапчиште (3.134), Маврово и Ростуше (2.680). Процентуално турската етничка заедница е најмногубројна во две општини (Центар Жупа и Пласница), но тие се речиси сите исламизирани Македонци, со македонски домашен јазик. На турското малцинство, со статус на етничка заедница во Уставот, му се загарантирани националните права. По Втората светска војна (1944), во НРМ/СРМ функционираа 55 основни и средни училишта со турски наставен јазик, со 12.493 ученици. Во учебната 2005/06 г., поради големата миграција на турското население во Турција, бројот на училиштата и бројот на учениците се намалува. Сега во Република Македонијафункционираат 60 основни училишта на турски наставен јазик со 6.972 ученици и еден приватен колеџ („Јахија Кемал“). На турски јазик се емитуваат програми на државната МРТВ, се издаваат весници („Бирлик“, „Вардар“, неделник „Јени Балкан“, „Заман“, детското списание „Пупка“) и функционира Турскиот театар. Турските фолклорни традиции ги негуваат и разни културноуметнички друштва („Јени Јол“, тос, Леринско, осуден на смрт и јавно обесен на Ат-пазар во Битола. Долнореканското село Жировница Албанско-турскиот театар во Скопје „Ѓени Хајат“ и „Кардешл’к“). Имаат и свој празник (21 декември – ден на образованието). Во политичкиот живот на Република Македонијадејствуваат две турски етнички партии: „Демократската партија на Турците“ (ДПТ) и „Партија за движење на Турците“ (ПДТ). ЛИТ.: Васил КÍнчов, Македони®. Географи® и статистика, Софи®, 1900; Завод за статистика на СР Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите, 1981, Скопје, 1984; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението од 1994 г, Скопје, 1997; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија, Скопје, 2004; Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000; Д-р Стојан Киселиновски – д-р Ирена Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис. Сушење на нанижаниот тутун