ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ

ТУРБЕ НА ИСХАК-БЕГ (Скоп-је,ⅩⅤ в.) – подигнато во близина на Султан Муратовата џамија, место на кое е погребен Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Од турбето се зачувани саркофагот на Исхак-бег и долните делови од шестоаголната камена основа на турбето. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998, 122-123; Александар Стојановски, Нови податоци за Скопје по пожарот од 1689 година,„Гласник на ИНИ“, бр.2, Скопје, 1971. Др. Ѓ. Турбето на пашата Јигит-бег (пред земјотресот) ТУРБЕ НА ПАША ЈИГИТ-БЕГ