ТРИТОНИ или МРМОРЦИ

ТРИТОНИ или МРМОРЦИ (Тритурус) – род од редот опашестите водоземци (Цаудата; Уродела), кои се помали од дождовниците (Саламандра). Во времето на парењето, мажјакот развива кожен набор на грбната страна, кој може да помине и на опашката, по што јасно Мал мрморец се разликува од женката. Некои видови живеат постојано во вода, а други само при парењето и полагањето на јајца, а потоа се повлекуваат на копно, каде што и презимуваат. Кај нас живеат 4 видови мрморци: планински мрморец (Тритурус алпестрис), македонски мрморец (Тритурус царнифеџ мацедоницус), балкански мрморец (Тритурус карелинии) и мал мрморец (Тритурус вулгарис). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Ј-П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин, М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997. Св. П.– В. Сид.