ТРЕСКАВЕЧКИ ЕУХОЛОГИУМ

ТРЕСКАВЕЧКИ ЕУХОЛОГИУМ – македонски ракопис од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век. Се чува во Јагелонската библ. во Краков (Полска), сигн. БЈ 932 Пишуван е на пергамент и хартија (10 л.), а вкупно има 123 л. Најголемиот дел од кодексот е грчко-словенски палимпсест. Ракописот е поврзан со книжевната дејност во манастирот Трескавец, како и другите ракописи од збирката на Рудолф Гутовски (БЈ 932 – БЈ 937 и БЈ 940), којшто ги зел оттаму и ги подарил на Јагелонската библ. во 1863 г. В. Д. Архиепископот Доситеј со учесници на Третиот архиепископски црковно-народен собор