ТРЕСЕНИЦА

„ТРЕСЕНИЦА“ – македонско женско народно оро од Мариовско, во метар 2/4. Играорките се движат без меѓусебно држење, со типично држење на рацете во триаголна позиција од 900 со хоризонтално крената подлактица во висината на рамото и дланките отворени кон главата. Темпото е умерено, со балансирање на колковите, а се застапени и мимичкодрамски елементи (тресење на крпи, огледување на огледало и сл.) ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје 1977, 46. Ѓ. М. Ѓ. Тресиопашка