ТРАЈКОВСКИ, Љубиша

ТРАЈКОВСКИ, Љубиша (Скопје, 29. Ⅺ 1927 – Битола, 1995) – актер. Неколку сезони настапувал во Народниот театар во Струмица, а потоа во Народниот театар во Битола е носител на репертоарот. УЛОГ: Илија („Антица“), Џими („Вејка на ветрот“), Помет („Дундо Марое“), Отело (во истоименото дело), Аспров („Вујко Вања“), Драшко Каровски („Чекор до есента“), Мурина („Свечена вечера во погребалното претпријатие“). Р. Ст.