ТРАЈАНОВ, Гога

ТРАЈАНОВ, Гога (Прилеп, 25. Ⅲ 1922) – оперски певец, тенор. Пеење учел кај проф. Бетето во Љубљана. Во Операта на МНТ работи како солист од 1951 до 1983 г. Во својот фах, остварил повеќе од 15 главни и повеќе помали улоги од стандардниот и домашниот оперски репертоар. Гостувал во Србија, Словенија, Пол-ска, Романија и Германија. Карактеристичен е неговиот силен и пробивен метално обоен глас. ПОЗНАЧАЈНИ УЛОГ: Абдало (Набуко), Војводата од Мантова (Риголето), Дон Хозе (Кармен), Јеник (Продадена невеста), Марио Каварадоси (Тоска), Пинкертон (Мадам Бетерфлај), Полион (Норма), Су Чонг (Земја на насмевките), Гаврил Радомир (Цар Самуил). Ф. М. Павле Трајанов