ТОМОСКИ, Сотир

ТОМОСКИ, Сотир (Битола, 16. Ⅱ 1899 – Скопје, 30. ⅩⅠⅠ 1985) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград (1924). Во први-Сотир Томоски: Спортската сала во Кавадарци (1956) те 10 години работел во Србија (Белград и Крушевац), каде што реализира повеќе проекти од станбен, здравствен, училиштен и од урбанистички карактер. Професионалната активност ја продолжува во Македонија. Избран е за доцент (1951), а потоа и за професор на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје по предметите историја на архитектурата и народна архитектура. Го проучува традиционалното градителство во Македонија и го основува Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје. Позначајни реализации во Македонија: Женската гимназија во Скопје (1938); Општата болница во Гевгелија, во Крива Паланка и во Дебар (1951); Спортската сала „Партизан“ во Кавадарци (1956); повеќе станбени згради и индивидуални семејни куќи во Скопје, во Охрид и во Крива Паланка. БИБ.: Македонска народна архитектура, Скопје, 1960. ЛИТ.: Е. Касапова, Архитект Сотир Томоски (1899–1985), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за про-учување на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, МАНУ, Скопје, 2006, 89–100. Кр. Т. Томо Томоски