ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА

ТЕМЈАНУШКА, БОРНМИЛЕРОВА (Виола борнмуеллери Ербен) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата темјанушки (Виолацеае), ограничено распространет на планините Јакупица, Караџица, Китка и Скопска Црна Гора. Опишана од М. Ербен (1985), а името на видот е посветено на Ј. Борнмилер (Ј. Борнмüллер), одличен познавач на флората на Македонија. Вл. М.