СУВА ПЛАНИНА

СУВА ПЛАНИНА – средно висока планина во западниот дел на РМ. Не е јасно индивидуализирана планинска целина. Спрема запад, спрема долината на Треска и Оча стрмно се спушта преку високи тектонски отсеци со височина од преку 1.000 м. На југ постепено се издига и преоѓа во планината Караџица, а спрема север преку превалот Кула поминува во ниски планини. На Сува Планина, поради карбонатниот состав, се наоѓаат изразени скарстени платоа, меѓу кои најизразени се Копање (1.360 м– 1.400 м) и Зајачница (1.740 – 1.760 м). Нема површински водени текови, а платоата се изриени со многу вртачи и ували и личи на сипаничав карст. Т. Анд. Медуза, волутен кратер, бронза, детаљ, с. Горенци, Требеништа, (Ⅴ в. пр. н.е.)