СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ (СДИ). Основни носители на СДИ се транснационалните корпорации. Тие реализираат странско директно инвестирање со воспоставување сопствени, во прв ред, производствени претпријатија (афилијации) во странство, по пат на откупување на контролниот пакет-акции на одделно претпријатие или пак со формирање комплетно ново претпријатие. Експертите на УНЦТАД проценуваат дека во светот дејствуваат околу 60.000 транснационални корпорации, кои воспоставија повеќе од 500.000 афилијации во разни земји. Република Македонијавлегува во ре-дот на земјите во транзиција со слаб прилив на СДИ. Причините лежат во нагласеното дејство на некомерцијалните ризици во првата деценија на транзицијата (ембарга, бегалска криза, интерен конфликт), но и во с“ уште неповолната инвестициона клима (слаба заштита на сопственичките права, административно-бирократски пречки за водење бизнис, неефикасни институции, несоодветен пристап на фирмите до средствата за финансирање на нивниот развој и сл). Дел од причините за слабиот прилив на странски директни инвестиции во Македонија лежат и во инсајдерскиот карактер на приватизацијата. Прилив на СДИ во Република МакедонијаВо милиони САД долари 1994 24 1995 12 1996 11,2 1997 30,7 1998 127,7 1999 32,4 2000 175,1 2001 440,7 2002 77,7 2003 96,0 2004 155,0 2005 97,0 2006 383,8 Кумулативот (стоковите) на СДИ во Македонија денес изнесува околу 1,7 мрд. $, односно околу 800 $ на жител. СДИ се насочени главно во телекомуникациите, енергетиката, банкарството, осигурувањето, храната. Најголемите странски инвеститори кај нас доаѓаат од Австрија, од Унгарија и од Грција. ИЗВ.: НБМ, Скопје, 2007; Министерство за финансии на Република Македонија, Билтен, ноември/декември, Скопје, 2006, 7, УНЦТАД, Њорлд Инвестмент Репорт 1999, Нењ Ѕорк анд Генева 1999, ⅩⅤⅠⅠ; ЕБРД, Транситион репорт 2006, 121. Т. Ф.