СТАРОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК

СТАРОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИК – книжевен јазик, во чијашто основа лежи дијалектниот говор на македонските Словени од Солунскиот крај. Лексичкиот фонд на овој говор е збогатен со нова лексика, директно преземена од грчкиот јазик или создадена по образец на грчки зборови. Според гласовниот систем на овој јазик св. браќа Кирил и Методиј ја создале Икона: Д. Зограф, Словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (детаљ) првата словенска азбука – глаголицата. Оформувањето на старословенскиот јазик и создавањето на словенското писмо се прави по конкретен повод: преведувањето на библиските и богослужбените книги од грчки на словен-ски јазик за потребите на Моравската мисија. Старословенскиот јазик постепено се издигнува на ниво на книжевен јазик за сите православни словенски народи. Во новите јазични средини тој се менува под влијание на месните дијалектни говори, со што се формираат одделни варијанти на старословенскиот книжевен јазик, познати во науката како одделни негови редакции/рецензии (моравска, македонска, бугарска, руска, српска итн.). Извори за проучувањето на старословенскиот јазик се зачуваните старословенски ракописи, како и некои епиграфски споменици, пишувани со глаголско или со кирилско писмо. Со проучувањето на овие изворни текстови се следи развојот на старословенскиот јазик на сите нивоа, а се добиваат и релевантни информации за промените во старословенското писмо. ЛИТ.: А. Ваиллант, Мануел ду виеуџ-славе, Парис, 1948; А. Селиќев, Старославџнкиј џзѕк, Москва, 1951; Ј. Курз, Учебницејезѕкастарословенскéхо, Праха, 1969; Р. М. Цејтлин,Лексикастарославџнского џзѕка, Москва, 1977; Радмила Угринова-Скаловска, Старословенски јазик, Скопје, 1979. Ѓ. П. Ат.