СТАР ДОЈРАН

СТАР ДОЈРАН – населба во Дојранско. Се наоѓа покрај југозападниот брег на Дојранското Езеро, на надморска височина од околу 160 м. Со регионален пат на северозапад е поврзана со Валандово, а на југоисток со Кукуш во Грција. До Првата светска војна тука постоел градот Стар Дојран, кој имал околу 8.000 ж., но бил бомбардиран и целосно разурнат. Денеска во населбата живеат 363 ж., од кои Панорама на Стар Дојран 255 се Македонци, 57 Турци и 32 Срби. Населението се занимава со туризам и риболов. Таа е седиште на општина што зафаќа површина од 12.916 ха, има 13 населени места со 3.426 ж. Во селото има повеќе хотели и повеќе од 1.000 викендички. Од Дојран потекнуваат неколку познати личности од нашата историја и книжевност, како Христофор Жефарович, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Панов и др. ЛИТ.: Тодор Конде, Нов Дојран – изразито рибарска населба и Стар Дојран – туристичка населба, „Географски разгледи“, кн. 4, Скопје, 1966. Ал. Ст. Георги Старделов СТАРДЕЛОВ, Георги Димитров