СРПСКА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА

СРПСКА ДЕМОКРАТСКА ЛИГА (август 1908 – 1909) – организација за политичко-пропагандно дејствување во Македонија. По победата на Младотурската револуција и по воведувањето уставно уредување, Владата на Србија го организирала создавањето на оваа српска политичка организација за политичко-пропагандно дејствување во Македонија. Лигата барала признавање на српска националност, српски владици на Велешко-дебарската и на Охридската епархија за омеѓување на српските територијални претензии во Македонија. ЛИТ.: Манол Пандевски, Политички партии и организации во Македонија (1908– 1912), Скопје, 1965. М. Мин.