СРЕДНИ ВЕТЕРИНАРНИ УЧИЛИШТА

СРЕДНИ ВЕТЕРИНАРНИ УЧИЛИШТА. Првото ветеринарно училиште (техникум) е отворено во Скопје (1946–1954), потоа преместено во Битола (1954–1968). Училиштето го завршиле вкупно 665 ветеринарни техничари, од кои 261 се вработиле како ветеринарни техничари, а останатите 90 завршиле Факултет за ветеринарна медицина и други факултети. Во учебната 1980/81 г. се отворени две паралелки за ветеринарни техничари во средните земјоделски училишта во Битола и Тетово, а во наредната учебна година по една паралелка во Битола и Тетово и две паралелки во Свети Николе. Исто така, отворено е средно ветеринарно училиште и во Драчево, Скопско. М. Д. – Ј. Б.