СРБИТЕ ВО РМ

СРБИТЕ ВО Република Македонија– етничка заедница во РМ. По Балканските (1912-1913) и по Првата светска војна (1914–1918), Вардарскиот дел на Македонија (25.000 км 2) бил анектиран од страна на Кралството СХС. По анектирањето, преку политиката на колонизација, српските власти се стремеле да формираат српско малцинство во Македонија. Во периодот меѓу двете светски војни Корицата на „Поглед“, (1919–1939), првото списание преку т.н. селна српски јазик во Република Македонијаска (земјоделска) и т.н. администативна колонизација, во Вардарскиот дел на Македонија биле колонизирани речиси 100.000 Срби, што претставувало 10% од целокупното население. Во периодот на Втората светска војна Бугарија го анектирала поголемиот дел од овој дел на Македонија. Бугарските власти воделе политика на протерување на српското колонизирано население од Македонија. Во периодот на Втората светска војна од Вардарскиот дел на Македонија биле протерани 70.000 Срби и тоа од Скопско, Кумановско, Велешко, Струмичко, Неготинско, Кратовско, Штипско и итн. По Втората светска војна започнал процесот на обновување на српското малцинство во Македонија. Во 1948 г. во Република Македонијаживееле 29.721 Срби (или 2,6%), во 1961 – 42.728 (3,1%), 1971 – 46.465 (2,8%), 1994 – 40.228 (2,07%), а во 2002 г. – 35.939 Срби (или 1,78%) од целокупното население. Најголем број Срби живеат во Скопје (14.298), Куманово (9.062), Чучер-Сандево (2.426), Старо Нагоричани (926), Валандово (639), Тетово (604), Росоман (409), Битола (541) и Штип (297). За разлика од другите малцинства, во периодот на ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ Србите имаа статус на народ. Со Уставот од 2001 г., по привремениот статус на малцинство, добија статус на етничка заедница во РМ, со признати и загарантирани национални права. Српскиот јазик е присутен во просветата, во државните електронски медии (радиото и телевизијата) и имаат свој празник („Св Сава“). Организирани се во политички партии: „Демократска партија на Србите“ (ДПС), „Демократскиот сојуз на Србите“ (ДСС) и „Радикалната партија на Србите во Македонија“ (РПС). ЛИТ.: Завод за статистика на СР Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите, 1981, Скопје, 1984; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението од 1994 г, Скопје, 1997; Завод за статистика на Р. Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија, Скопје, 2004; Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913–1995), Скопје, 2000; Д-р Стојан Киселиновски – д-р Ирена Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис.