СПОМЕН-КАПЕЛИ

СПОМЕН-КАПЕЛИ – сакрални објекти што во својата архитектонска структура обединуваат елементи од црковното градителство, надградени со слободни (често експресивни) форми, како и со форми од фолклорната архитектура, компонирани слободно и без обврзувачка конотација. Во голем број се градени како сакрални објекти (цркви), со препознатлива иконографска диспозиција, но често содржат разни елементи, поради што повеќе упатуваат на споменици отколку на сакрални објекти. Овој вид објекти претставувале омилено изразно средство за архитектите во Македонија од периодот меѓу двете светски војни, кога и биле бројно градени. К. Гр.