СПИРОВА, Нина

СПИРОВА, Нина (Прилеп, 26. Ⅹ 1938) – интерпретаторка на популарна музика. Исполнувала и снимила познати хитови од светски автори (Џ. Гершвин, Г. Ерол, Ливингстон, К. Портер и др.), пеела обработки на македонски народни песни („Бог да бие кој прв спомна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо“ идр.), но главниот белег го оставила на полето на популарната музика. Учествувала на првите изданија на Скопскиот забавен фестивал. Сорабо-Нина Спирова тувала со најпознатите македонски автори и аранжери (Д. Ѓ.-шпато, Љ. Бранѓолица и др.). Снимила над 80 композиции за музичката продукција на МРТ, од кои поголемиот број станале хитови („Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, „Молчи и ти“ идр.). М. Кол.