СОБРИ

СОБРИ – доцносредновековен град со подградие и населба (османлискиот пописен дефтер од 1467/1468). Се наоѓал на месноста Градиште, на три км југоисточно од с. Орашје во Полог (археолошки наоди). Во ⅩⅣ-ⅩⅤ в. бил главна тврдина и стопански центар на регионот, со живи спомени за постоење на градот до ⅩⅠⅩ в. (Ѓ. Петров). ЛИТ.: Т. Томоски, Средновековни градови во Полог, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999, 129-149; И. Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Книга 5, Скопје, 1996. Б. Петр.