СОБРАНИЕ НА РМ

СОБРАНИЕ НА Република Македонија– претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во РМ. Составено е од 120 пратеници, избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање, за мандатен период од четири години. Првото Собрание на Република Македонијае формирано во декември 1990 г., врз мнозинскиот принцип, по спроведените парламентарни избори во два круга (11. и 25. Ⅺ 1990). Вториот состав на Собранието на Република Македонијае формиран врз мнозинскиот принцип во ноември 1994 г., по парламентарните избори од 14 и 24. Ⅹ 1994 г. Третиот состав на Собранието на Република Македонијае формиран во ноември 1998 г., по парламентарните избори во два круга (18. Ⅹ и 1. Ⅺ 1998). СобраКонститутивната седница на Собранието на Република Македонија(8. И 1991) нието беше составено од 85 пратеници, избрани врз мнозинскиот принцип, и 35 пратеници избрани врз пропорционалниот принцип. Четвртиот состав на Собранието на Република Македонијае формиран во октомври 2002 г., врз пропорционалниот принцип, по парламентарните избори од 15 Ⅸ 2002 г. Петтиот состав на Собранието на Република Македонијае формиран врз пропорционалниот принцип, во јули 2006 г., по спроведените парламентарни избори на 9. Ⅶ 2006 г. шестиот состав на Собранието е формиран врз пропорционалниот принцио по предвремените парламентарни избори од 2008 г. Претседатели на Собранието на РМ: Стојан Андов (1991– 1996; 2000–2002); Тито Петковски (1996–1998); Саво Климовски (1998–2000); Никола Поповски (2002–2003); Љупчо Јордановски (2003–2006); Љубиша Георгиевски (2006–2008); Трајко Велјановски (2008–) ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2000; Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.