СМОКВА

СМОКВА (Фицус царица Л. фам. Морацеае) – листопадна грмушка до мало дрво од западна Азија. Има сива и мазна кора, снажни, влакнави леторасти, цели или длабоко врежани, кожести листови, богати со млечен сок. Збирниот плод е смоква. Кај нас се одгледува заради слатките плодови, но и супспонтано се шири во зоната на субмедитеранската вегетација. Ал. Анд.