СМИЛЕВ, Димитар Алексов (Велес, 17. Ⅹ 1909 – Скопје, 6. Ⅺ 1996) – спец. по болести на устата, забите и вилицата, проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирал во 1956 г. Бил учесник во НОБ како санитарен референт. Бил иницијатор и член на Матичната комисија за формирањето на Стоматолошкиот оддел на Мед. ф. и е основач и прв управник на Стоматолошките клиники. Бил директор на Стоматолошките клиники и раководител на Клиниката за максилофацијална хирургија. Публикувал 100 статии. Е. М.