СКУЛПТУРАТА ВО ⅩⅩ ВЕК

СКУЛПТУРАТА ВО ⅩⅩ ВЕК – македонската современа скулптура вистинскиот развој го има по 1945 г., појавувајќи се како самостојна форма, како објект или во проширена смисла (инсталација на објекти). Првите реалистички скулптури имаат интимен и камерен карактер (Д. Тодоровски). Во 50-тите години Б. Аврамова, П. Хаџи-Бошков и Ј. Грабул ја усвојуваат естетиката на модернизмот (стилизирани антропоморфни или апстрактно асоцијативни облици). Оваа линија ја следат С. Маневски, Б. Митриќески, Д. Попоски, Б. Николоски, В. Василев, А. Ивановски. Јазикот на практики-Д. Тодоровски: „Климент Охридски“ (1967) те во постмодернизмот го прифаќаат А. Светиева, Г. Стефанов, П. Николоски, С. Павлевски, Т. Аџиевски, И. Димитрова, А. Атанасоски, Б. Ангелкоски. ЛИТ.: Владимир Величковски, Современа македонска скулптура, Скопје, 1989; Соња Абаџиева, Преобразби 2, Скопје, 2002. М. Б.-П.