СКОПСКА ЕПАРХИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА – православна епархија. Во Ⅳ в. Скупи било митрополитско седиште, долго време под јурисдикцијата на солунскиот архиепископ. Со повелбата на Јустинијан И (15. Ⅳ 535) била основана самостојна црква Јустинијана Прима (до 545 г.). Во времето на Самуиловото Царство епархијата $ била потчинета на Охридската архиепископија. Со паѓањето на Скопје под Византија (1002), епархијата дошла под јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Во текот на 1282 г. Скопската епархија ја освоил српскиот крал Милутин. По паѓањето на Македонија под власта на османлиите, епархијата дошла во составот на Охридската архиепископија. При возобновувањето на Пеќската патријаршија (1557), Скопската епархија $ била нејзе присоединета и останала до нејзиното укинување (1766), по што $ била потчинета на Цариградската патријаршија. Во почетокот на ⅩⅩ в. Скопската и другите епархии од Вардарскиот дел на Македонија влегле во составот на Српската православна црква, освен во времето на бугарските окупации (1915–1918 и 1941–1944), кога била под јурисдикција на Бугарската православна црква. Од возобновувањето на Охридската архиепископија (1958, 1967) како Македонска православна црква, Скопската епархија е во нејзиниот состав, а Скопје е седиште на Архиепископијата. ИЗВ. и ЛИТ.: И. Сн‹гаровÍ, Скопска епархи®, Софи®, 1939; Л. Милеусниќ, Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993; Ј. Белчовски, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1986. Ал. Тр.