СКАКУЛЕЦ, ЗЕЛЕН

СКАКУЛЕЦ, ЗЕЛЕН . (Теттигониа виридиссима Л.) – правокрилен инсект. Има добро развиени трети нозе за скокање. Достигнува должина до 3,5 цм. Пипалата му се подолги од телото и се свртени наназад. Телото му е Зелен скакулец зелено. Кога е во зелена средина (трева, гранки, лисја) не се забележува и сосема е заштитен. Активен е преку ден. Се среќава по ливади и ниви во текот на летото и есента. Распространет е во цела Македонија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. Кр. СКАКУЛЕЦ, ИТАЛИЈАНСКИ