СИМЕОН ВЕЛИКИ

СИМЕОН ВЕЛИКИ (864 или 865 – 27. Ⅴ 927) – кнез (893–913) и цар (913–927), најпознат владетел на Првото бугарско царство. Водел успешни борби со Византија. Ги освоил Тракија, Македонија (до Солун, 904), Албанија и Рашка; поразен од Хрватите. Ја пренел престолнината во Преслав, а во Бугарската црква го вовел словенскиот наместо дотогашниот грчки јазик. ЛИТ.: И. Божилов, Цар Симеон Велики (893–927). Златният век на Средновековна БÍлгария, София, 1983. Б. Петр.