СИЛАЖА

СИЛАЖА – поткиселена сочна добиточна храна, со влажност 6575%. Кај нас помасовно започнува да се употребува од втората половина на ⅩⅩ в. на поголемите фарми. Се силажираат култури што тешко се сушат или ако при косидбата временските услови не се погодни за подготвување сено. Во некои земји во светот на одделни краварски фарми таа е единствената кабаста храна во текот на целата г. Во Република Македонијаслужи главно за исхрана на добитокот во зимскиот период. Силажата во однос на сеното има предност поради подобриот квалитет, помалиот простор, полесното чување, помалите загуби и трошоци, а освен тоа нема опасност за опожарување. П. Ив.