СЕРАФИМОВ, Свето

СЕРАФИМОВ, Свето (Тетово, 19. Ⅶ 1928) – новинар и преведувач. Од 1950 г. целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик. Б. П. Ѓ.