СЕМЕНАРСТВО

СЕМЕНАРСТВО – наука за растителното семе и плодови со цел тие да се употребат при растителната репродукција. Освен тоа, шумските плодови и семето се храна за животинскиот свет (стока, дивеч, птици и др.) и суровина за прехранбената индустрија. Основни области за проучување се: производство, собирање, доработка, чување, претсеидбена подготовка и утвдување на квалитетот и вредноста на семето за сеидба. Работата со семето мора да се темели на доброто познавање на неговите генетски, морфолошки, анатомски и физиолошки својства. За сите области од проучувањето се разработуваат техники и технологии за нивно изведување (семенски објекти, помошни средства и механизација, објекти за чување и сушење, лаборатории и др.). Ал. Анд. Леополд Сенгор