СЕЛИМ И

СЕЛИМ И (Амасија, 1470 – Чорлу, 22. Ⅸ 1520) – деветти османлиски султан. Владеел со Македонија 8 години (25. Ⅳ 1512 – 18. Ⅷ 1520). Бил еден од најголемите османлиски освојувачи, нетолерантен кон другите религии: многу цркви претворил во џамии, меѓу кои и црквите „Света Софија“ и „Свети Климент“ во Охрид, и го разурнал манастирот „Свети Јован Бигорски“. ЛИТ.: Х. Ганем, Е’тудес джхистоире ориентале, Лес султанс оттоманс, т. И., Парис, 1901; М. СертоŸлü, Ресими османлü тарихи ансиклопедиси, Ýстанбул, 1958. Ј. Јан.