СЕДИМЕНТНИ КАРПИ

СЕДИМЕНТНИ КАРПИ – уште се нарекуваат и таложни карпи. По начинот на настанувањето се издвојуваат четири групи: вулканокластични, кластични, хемиски и органогени седиментни карпи. Седиментните карпи настануваат на Земјината површина и процесот на нивното настанување опфаќа неколку стадиуми: површинско распаѓање, транспорт, седиментација и дијагенеза. Во групата на вулканокластичните седиментни карпи се вбројуваат: лавобречите, вулканските бречи, вулканските агломерати, туфовитични седиментни карпи се вбројуваат: бречите, конгломератите, песочниците, алевролитите, лесот, пелитолитите и глинците. Во групата хемиски седиментни карпи се вбројуваат: варовниците, доломитите, лапорците, бигорот, мермерниот оникс, травертините, кредата за пишување, како и силициските седименти. Во органогените седиментни карпи се вбројуваат: дијатомејската земја, силицитите и рожњаците. ЛИТ.: Блажо Боев, Ристо Стојанов, Петрографија, РГФ, Штип, 1994. Бл. Б.