СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер

СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер (Скопје, 28. Ⅺ 1921) – учесник во НОБ. По фашистичката окупација на Македонија му пристапила на НОД и станала член на СКОЈ (1941). Во учебната 1941/42 г. била на студии на Земјоделскиот факултет во Софија. Била организатор на турската женска младина за учество во НОД. Подоцна се вклучила како борец на шеснаесеттата македонска НО бригада и била примена за член на КПМ (1944). Била член на Околиски комитет на СКОЈ, а потоа била испратена на скоевски курс на ЦК на СКОЈ за Македонија (Горно Врановци, Велешко, октомври 1944). БИБ.: Сеќавање за престојот во Горно Врановци, Историските денови на Горно Врановци, Скопје, 1984, 157-159. ЛИТ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976, 1225. С. Мл.