СВЕТИЕВ, Тодор

СВЕТИЕВ, Тодор (Битола, 26. ⅩⅠⅠ 1952) – пијанист. Дипломирал на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1977), каде што и магистрирал (В. Крпан, 1979). Специјализирал на Државниот конзерваториум во Санкт Петербург (В. Калмиков, 1983). Од 1983 г. професор на ФМУ во Скопје. Концертирал како солист и камерен музичар (Дуо Атанасов–Светиев; Куфојанакис –Светиев) во Републиката и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан. Анета Светиева