СВЕТИ ГРАД

СВЕТИ ГРАД (Коџаџик) – средновековен град во Горен Дебар, најзначајно упориште на Скендербег во Дебарската област. Се наоѓал на висока планина, како орловско гнездо, а неговата одбрана ја сочинувале Дебраните (Барлети). Го освоил султанот Мурат Ⅱ (1448). Се лоцира на лок. Кале кај с. Коџаџик, зачувани се остатоци од ѕидини и од кули. ЛИТ.: Т. Томоски, Прашањето на Коџаџик; Свети Град е второ име за средновековен Дебар. Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ.