СВЕТА БОГОРОДИЦА ЕПИСКЕПСИС

СВЕТА БОГОРОДИЦА ЕПИСКЕПСИС“ – црква што се спомнува во една повелба на царот Константин Тих, во втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се наоѓала во Македонски Брод и била метох на големиот манастир „Св. Ѓорѓи Горга“ (Скоропостижник) во Скопје. На празникот Св. Ѓорѓи во манастирот се одржувал голем панаѓур на кој доаѓале верници од цела Македонија. На истото мес-то во 1872 г., врз темелите на постарата црква, била изградена голема трикорабна базилика посветена на Богородица Епискепсис. Неколку ѕидни слики во базиликата изработил зографот Коста Николов од Лазарополе (1900). Иконите на иконостасот се дело на познатиот крушевски зограф Никола Михаилов. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов, Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б.