САРДИСУВАЊЕТО на Лешочкиот манастир (1905). На манастирскиот празник „Св. Богородица“ на 15/28 август 1905 г. Албанци – башибозук, со изговор дека имало скриена комитска чета, го сардисале манастирот во кој имало околу 3 илјади верници – мажи, жени и деца. Настанот е овековечен во народна песна. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Тетово и тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003; И. Петрушевски, Б. Светозаревиќ, Лешочкиот манастирски комплекс, Скопје, 2001. Бр. Св. Александар Сариевски