САПРОБНОСТ НА ВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

САПРОБНОСТ НА ВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – збирен термин што го означува квантитативното присуство на органските и неорганските материи во водените екосистеми, според кој се делат на: олигосапробни, β-мезосапробни, α-мезосапробни и полисапробни води во рамките на лимносапробноста. Како една од земјите во развој, во Македонија се посветува многу малку внимание на конзервацијата и заштитата на квалитетот на природните екосистеми, вклучително и на акватичните станишта. Оттука, во Македонија има многу загрозени и оптоварени екосистеми, како што е Вардар и поголем дел од ре-ките во неговиот слив (Црна Река, Брегалница, Лепенец) со високо ниво на сапробност што се одликува со фекално загадување, со високи концентрации на тешки метали и пестициди. Иако под забележителен притисок, езерата се во поголема опасност од еутрофикација, наспроти нивната сапробност, која е со средни вредности (најчесто се мезосапробни). Најзачувани се планинските акватични екосистеми што се олигосапробни до ултраолигосапробни, иако некои од нив се под ризик од процесите на ацидификација (на пр. Големото и Малото Пелистерско Езеро). Олигосапробни индикатори во водите во Македонија претставуваат: Хидрурус фоетидус (Цхрѕсопхѕта), Батрацхоспермум монилиформе (Рходопхѕта), Цавинула псеудосцутиформис, Диатома хѕемалис, Еуцоццонеис флеџелла, Меридион цирцуларе, Диатомелла балфоуриана (Бациллалриопхѕта). Мезосапробни (β и α) индикатори во водите во Македонија претставуваат: Геисслериа децуссис, Цалонеис ампхисбаена, Навицула црѕптоцепхала, Навицула тривиалис, Цѕмбелла цомпацта (Бациллариопхѕта). Полисапробни индикатори во водите во Македонија претставуваат: Трѕблионелла цонстрицта, Нитзсхиа палеа, Н. умбоната, Енцѕонема минутим, Лутицола гоеоппертиана. Св. К.