САНЕВ, Воислав (Кочани, 26. Ⅶ 1938 – Скопје 8. Ⅳ 2007) – археолог. Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Бел-град (1963). Од 1963 до 1969 г. работел како кустос во Народниот музеј во Штип, а потоа во Музејот на град Скопје (1969–1970). Повторно се враќа во Штип (1970– 1976), а од 1976 г. работи во Археолошкиот музеј на Македонија, каде што останува до 2000 г. Бил директор на Народниот музеј во Штип, в.д. директор на Музејот на Македонија и раководител на Археолошкиот оддел, претседател и секретар на МАНД, уредник и технички уредник на „Мацедониае ацта арцхаеологица“, на Археолошка карта на РМ, Зборник на Народниот музеј од Штип, Зборник на Археолошкиот музеј и др. Го ис-тражувал и го проучувал неолитот во Македонија (Вршник, Анзабегово, Руг Баир, Велушка Тумба, Тумба Маџари, Страната, Канли Чаир, Амам, Тумба Мршевци и др.). БИБ.: Предисториски култури во Македонија, Штип, 1971; Праисторија во Централна Пелагонија, Битола, 1976; Антропоморпхиц цулт пластиц оф Анзабегово-Врсник цултурал гроуп оф тхе Републиц оф Мацедониа, Хомаге то Милутин Гарасанин, Белграде, 2006, 171–191. Д. З. САНСТЕФАНСКИ ДОГОВОР