САМАКОСКИ, Благоја

САМАКОСКИ, Благоја (Прилеп, 7. Ⅴ 1948) – вонреден проф. на ТФ во Битола. Докторирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1994). Предавал на Економскиот факултет во Прилеп (1985– 1992). Бил генерален директор на компанијата Енергоинвест „11 Октомври“ од Прилеп. Во 1990 г. го формира приватното претпријатие „Микросам“, каде што се конструирани: првото дигитално броило и првиот индустриски робот со 6 оски за контрола во РМ. Добитник е на повеќе награди и признанија од Министерството за одбрана на Југославија, Менаџер на годината во Република Македонијаза 1992 г., одликување од белгиската влада „Витез на инвентивноста“. Др. М. Пешо Самарџиев