САЛАВЈОВ, Евгениј

САЛАВЈОВ, Евгениј (ЕвгениŸ Соловев) (Улан-Уде, Русија, 22. Ⅸ 1948) – физичар, научен советник (1994) во Истражувачкиот центар за енергија, информатика и материјали при МАНУ. Дипломирал (1971) на Факултетот за физика во Санкт-Петербург. Та-му одбранил кандидатска дисертација (1977) и докторат на науките (1986) („Адијабатска апроксимација на задачи од атомската физика со суштински многу нивоа“). До 1992 г. е на Универзитетот во Санкт-Петербург. Од тамошната позиција на главен истражувач, преминува во Скопје, првин на ПМФ, а потоа во Истражувачкиот центар на МАНУ. Објавил повеќе од 100 статии во врвни списанија, во кои со методите на квантната механика го разгледува главно расејувањето на частиците, особено со адијабатската апроксимација. Престојувал на повеќе универзитети и како поканет предавач на меѓународни конференции. В. Ур.