САВИЌ, Радомир (Заечар, Србија, 1. Ⅴ 1901 – Белград, 1990) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1959 до пензионирањето во 1975) по предметот тунели и предмети од областа на железниците. Дипломирал во Белград (1930). Пред доаѓањето на скопскиот Технички факултет (1949) работел на изградбата на железничките линии во Србија. Во периодот 1956–1957 г. бил декан на Техничкиот факултет. Љ. Т.