САВЕСКИ, Јордан Стеванов (Битола, 18. Ⅹ 1945) – хирург-трауматолог, доктор на медицинските науки, Јордан Савески редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил продекан (1990– 1994) и декан на Мед. ф. (1999– 2004); директор на Клиниката за трауматологија (1989–1999 и 2005–2006) и на Ургентниот хируршки центар (1995) и претседател на Здружението на хирурзите на Македонија (1996–2000). Се занимава со хирургија на ’рбетниот столб. Објавил над 150 научностручни трудови и три книги од областа на трауматологијата. БИБ.: Прва помош и заштита, Скопје, 1996; Фрактури на карлица и ацетабулум, Битола, 2003; Спинални повреди, Скопје, 2006. Ал. Ставр. Павле Савиќ