РУСЈАКОВ, Стефан

РУСЈАКОВ, Стефан (Скопје, 7. Ⅴ 1917 – Скопје, 10. Ⅵ 1986) – оперски певец, баритон. Со улогата на Алфио е учесник во првата претстава на операта Кавалерија рустикана, изведена на 9 мај 1947 г., кога се поставени темелите на Македонската опера. Во МНТ работел од 1947 до 1954 г. Тој е носител на баритонскиот фах во почетните години на Операта. Позначајни улоги: Гроф Луна (Трубадур), Алберт (Вертер), Млинар Симо (Еро од оној свет). По напуштањето на Операта се посветува на правничката професија. Ф. М.