РУГ БАИР

РУГ БАИР (с. Горубинци) – неолитска населба во Овче Поле. Ло-Пехар од средниот неолит, Руг Баир, с. Горубинци те и во 70-тите години. Во културниот слој од 1,40 м се евидентирани три културни хоризонти на живеење од средниот и од доцниот неолит, кои се културно и хронолошки блиски со Анзабегово – Вршничката културна група (Ⅱ–Ⅳ в.). ЛИТ.: С. Саржоски, Руг Баир, Горубинци, „АП“, 3, Београд, 1961, 16; В. Санев, Неолитската населба Руг Баир кај с. Горубинци, „Зборник на Штипскиот народен музеј“, Ⅳ–В, Штип, 1975, 203–246. Д. З.