РОСТУШЕ

РОСТУШЕ – село во долината на р. Радика. Се наоѓа во источното подножје на планината Дешат, од десната страна на р. Радика, на надморска височина од околу 720 м. Со регионалниот пат Р–409 е поврзано со Дебар и со Маврово. Има 720 ж., од кои 394 се декларирани како Македонци, 427 како Турци и 41 како Албанци. Дел од населението се наоѓа на привремена работа во странство и тоа најмногу во Италија. Тоа е седиште (заедно со Маврово) на општина што зафаќа површина од 66.319 ха, со 42 населени места, во кои живеат 8.618 ж. Постои осумгодишно училиште, здравствена станица и текстилна фабрика. Ал. Ст.