РОЖДЕСТВО НА БОГОРОДИЦА

РОЖДЕСТВО НА БОГОРОДИЦА – МАЛА БОГОРОДИЦА – христијански православен празник посветен на раѓањето на Богородица. Во народот е познат како Мала Богородица. Тој е прв не само од Богородичните празници, туку и воопшто прв поголем христијански празник по започнувањето на Црковната година (14/1 септември). Следниот ден по Мала Богородица црквата го празнува споменот на нејзините родители, праведните Јоаким и Ана (22/9 септември). На Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири во црквите и манастирите што го носат името на Пресвета Богородица: Пречиста кај Кичево, Матејче, Осоговскиот манастир и многу други. ЛИТ.: Лазар Миркови¢, Хеортологија, Београд, 1961. М. Кит. Манастирот „Рождество на Богородица“, с. Манастирец, Порече