РИСТОВ, Томислав Ристов (с. Прждево, Тиквешко, 19. Ⅺ 1940) – фармацевт, полковник, редовен проф. на Фарм. ф. Дал особен придонес во оформувањето на кадрите на Фарм. ф. Претходно бил вработен во Заводот за превентивна медицинска заштита при Воената болница во Скопје и началник на Клиничката лабораторија при ВБ. Придонел за развојот на современите методи и техники што се применливи во броматологијата. Бил претседател на Македонското фармацевтско друштво (1994–2000). Л. П.-Т. Мирјана Ристова РИСТОВА, Мирјана Велкова