ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА

ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА. шумите на територијата на Република Македонијаод аспект на планирањето и стопанисувањето се поделени на помали површини, наречени шумскостопански единици. Тоа е направено со цел тие да имаат дефинирана површина, дрвна маса, прираст и други параметри што ќе послужат за поточно и навремено планирање и евидентирање, како и за поефикасно, целосно, планско и интензивно стопанисување со шумите. Површината на шумскостопанската единица не може да биде поголема од 5.000 ха доколку во неа високостеблените шуми учествуваат со над 60%, односно 10.000 ха ако нискостеблените шуми учествуваат со површина над 40%. На територијата на Република Македонијапостојат околу 190 шумскостопански единици за кои се направени планови за нивното стопанисување. Ал. Анд.